Фабриката за производство автомобили „Застава“ од Крагуевац ќе оди на продажба. Во рамки на постапката за стечај на компанијата, огласена е почетна цена од 584.000 евра за фабриката во Крагуевац, како и канцеларии и деловни простории на повеќе локации

Агенцијата за лиценцирање на стечајни управници (АЛСУ) за 5 март ја објави првата продажба од стечајот на групацијата „Застава“ од Крагуевац. Продажбата ќе биде изведена по пат на јавно наддавање со почетна цена од околу 68,9 милиони динари (околу 584.000 евра).

Во пакетот се продаваат деловни простории на повеќе локации како и фабрички згради и канцеларии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.