Вработените во Врховниот, Вишиот и Апелацискиот суд во Подгорица денеска се евакуирани од зградата во која се сместени трите институции поради дојава за поставена бомба.

Од канцеларијата за односи со јавноста на Врховниот суд за подгоричкиот портал „Вијести“ изјавија дека полицијата која ја обезбедува зградата на трите судови добила дојава за наводно поставена експлозивна направа.

Зградата се евакуира поради дојава за бомба, изјави Марија Раковиќ, независен советник за односи со јавноста на Вишиот суд во Подгорица.

Таа додаде дека рочиштата се одложуваат.

На лице место се испратени антидиверзантски полициски екипи кои во моментов вршат увид во објектот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.