Зградата на црногорскиот парламент утрово е евакуирана поради дојава дека во таа институција била поставена бомба.

Од Полициската управа информираат дека дојавата е пристигната утрово во 07:50 часот.

„Припадниците на полициската управа преземаат мерки и дејствија од нивна надлежност и се проверуваат информациите“, велат од полицијата во Подгорица.

Дојави за бомби утрово добиле и неколку училишта во Подгорица, информираат од Министерството за образование за „Вијести“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.