Корупцијата претставува најголем проблем на Западен Балкан, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

„Корупцијата е канцер кој ја нагризува вербата на граѓаните во демократијата, го намалува инстинктот за иновативност и креативност, па на тоа се трошат и онака оскудните буџети, што ги скратува инвестициите. Се троши талентот на цели генерации”, изјави Ескобар за „Дневни аваз”.

Тој рече дека тоа ги плаши инвеститорите, додавајќи дека САД се посветени на промовирање одговорност, како и залагање за казнување на оние кои се вклучени во корупција во Западен Балкан и во целиот свет.

„САД ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки, вклучително и санкции, за да ги казнат злонамерните и дестабилизирачки актери, како и организациите и компаниите кои ги поддржуваат”, порача Ескобар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.