За денеска во 19 часот е закажан пречекот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на аеродромот „Никола Тесла“.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе биде домаќин на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој е во официјална посета на Србија на 10 и 11 октомври 2024 година.

Програмата на посетата вклучува средба меѓу двајцата претседатели и потпишување договор.

Засега нема информација дали Ердоган ќе дојде и во Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.