Во тензична ситуација, создадена од демократите на Сали бериша, со уфрлување навредливи зборови, фрлање хартија и блокирање на собраниската говорница, за што мораше да интервенира и обезбедувањето, доцна папладнево албанскиот парламент избра нова претседателка на законодавниот дом и четворица министри во владата на премиерот Еди Рама.
Сите беа избрани со гласовите на владејачкото мнозинство, апстинираа пратениците од Партијата за национално единство(партија на Чамите), а против гласаа дел од опозициските пратенци, дел ја науштија салата.
Прв парламентарец од денеска е Елиса Спиропали (41), која доби поддршка од 75 пратници. Од 2019 година до денеска беше државен министер за односи со парламентот, каде ја заменува Таулант Бала, кој една година беше министер за внатрешни работи, претходно координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија и генерален секретар на партијата. На негово место е избран Ервин Хоџа, кој доаѓа од местото генерален директор на Националниот инспекторат за заштита на територијата.
Нов министер за одбарана е Пиро Венгу, директор на пристаништето Драч, кој на оваа фукција го заменува Нико Пелеши, кој сега е координатор на пратеничката група на СП.
Нов човек има и во министерството за финансии, каде доаѓа Петрит Малај, извршен директор на Националната агенција за природни извори, кој на ова функција го заменува Ервин Мете.
Предлозите на носителите на овие фунции Рама, како лидер на партијата ги објави на партискиот Конгрес, одржан во неделата, на кој изјави дека очекува најисториска победа на парламенарните избори во 2025 година и освојување четврт мандат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.