Хакерската група Анонимус испрати нова порака до српскиот претседател Александар Вучиќ. Анонимусите ја информираа јавноста дека се многу инволвирани и дека собрале е-маил адреси на стотици службеници од различни министерства. Својата порака ја завршија со прашање упатено до Вучиќ: „Еј, кукло на Путин, каде си? Уште со кучињата?!“, пишува Нова.рс.

Забележавме дека српските криминални групи се обидуваат да предизвикаат вооружен конфликт преку тензии и воинствени провокации на северот на Косово. Српскиот автократски претседател Александар Вучиќ, марионета на Владимир Путин, се обидува да го дестабилизира регионот користејќи механизми на насилство и терор на воениот злосторник Слободан Милошевиќ, но се знае дека неговите обиди ќе бидат самоубиствени“, посочија од Анонимус на крајот на минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.