Радоје Звицер, пребегнатиот водач на „кавачкиот клан“ имал луда среќа на крајот на септември кога избегна ликвидација во Панама.

Изнајмените убијци по грешка убиле двајца телохранители на Звицер пукајќи во автомобилот Лексус, кој бил пред мерцедесот, во кој бил водачот Кавачкиот клан.

Напаѓачите пристигнале во Панама од Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија, а за главата на Звицер им биле ветени дури четири милиони евра!

Меѓутоа, кога било утврдено дека убиле погрешни луѓе, им се губи секаква трага, дознава „Информер“.

Извор на весникот објаснува што точно се случило.

Радоје тој ден бил во „мерцедес“ со неговиот близок соработник М.Б., додека со „лексус“ пред нив двајца панамски телохранители. Тие оделе во вилата на Звицер во предградието на Панама Сити, каде во заседа ги чекале четворица напаѓачи .Двајца со пушки чекале пред вилата, додека другите двајца биле на мотор во близина. Додека Звицер со обезбедувањето се приближувал до вилата, сите четворица напаѓачи испукале рафали кон „лексусот“, при што загинаа двајца телохранители



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.