Движењето „Отпор“ кое настана во деведесеттите години за рушење на Слободан Милошевиќ пак се активира.
Оваа група неколку години беше неактивно, сега повторно се враќа во игра.Нивна цел овој пат е рушење на претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Како повод пак да се активираат се протестите кои се одржуваат во Белград поради двете убиства кои се случија.
Добро познатата стисната тупаница се појави на Твитер, со натпис „Отпор23“ проследено со коментари и постови против Вучиќ.
Основач на ова движење е Срѓа Поповиќ чија специјалност е правење на т.н обоени или шарени револуции и симнување од власт на лидери кои имаат голема поддршка кај народот.
Нивното делување Поповиќ го опиша во книга наречена „Мустра за револуција“.
Покрај Србија, „Отпор“ успеа да смени претседатели и влади во Алжир, Тунис, Египет, како дел од проектот „Арапска пролет“ , a се обиде и во Венецуела и Боливија.
Секако „Отпор“ е најпознат како учител и обучувач на „Шарената револуција“ во Македонија. Српски активисти неколку месеци беа во Скопје како логистичка поддршка на движењето кое ја исполни својата крајна цел-носење на власт на СДСМ без оваа партија да победи на избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.