Две тела се пронајдени денеска во напуштен објект на улицата Косовска во Нови Сад. Како што изјави изворот за „Блиц“, сѐ уште не е познат идентитетот на лицата чии тела се пронајдени, како и причината за смртта.
-Истрагата е во тек – вели изворот на „Блиц“.
Според првите неофицијални информации, на телата не се пронајдени траги кои би укажувале дека смртта настапила насилно. Вистинската причина за смртта ќе се знае дури по обдукција. На терен се пожарникари, спасувачи, полиција и форензичари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.