Oд денеска стапи на сила безвизен режим за државјаните на Косово во ЕУ, што им овозможува да патуваат во ЕУ без потреба од издавање виза за период на престој до три месеци.
Безвижниот режим е активиран на полноќ, со што Косово стана последната од шесте земји од Западен Балкан на кои им беше одобрено укинување на визите за ЕУ.
Според Европската комисија, извршното тело на ЕУ, Косово до 2018 година ги исполнило сите неопходни критериуми за безвизно патување, вклучително управување со границите и миграцијата.
Новите правила ќе им овозможат на граѓаните на Косово да патуваат во ЕУ без визи за период на престој од 90 дена во рамките на секој период од 180 дена.
Пред ЕУ да го укине визниот режим со Косово, носителите на неговите пасоши можеа без виза да патуваат само во 14 земји низ светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.