Пренасочувањето на летот JU380 за Прага се случило поради медицински причини. Денешниот (среда, 26.07.2023) летот JU380 на Ер Србија од Белград за Лондон беше пренасочен кон аеродромот во Прага, откако на еден патник му се слошило за време на летот.

Екипажот веднаш се обидел да му пружи прва помош на патникот, согласно сите процедури кои се применуваат во вакви ситуации. Авионот на аеродромот го пречека екипа за итни случаи. Со оглед на времетраењето на задолжителната постапка во вакви ситуации, работното време на екипажот истече. Во меѓувреме, компанијата обезбеди нов екипаж кој пристигна во Прага и летот JU380 наскоро ќе продолжи за Лондон.

Повратниот лет JU381 од Лондон за Белград ќе се реализира подоцна во вечерните часови. Надлежните служби преземаат се што е во нивна моќ да им помогнат на патниците кои ги пропуштиле своите врски поради доцнење и да ги пренасочат кон алтернативни летови или да им обезбедат хотелско сместување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.