По повеќе часовна пауза вратен во нормални услови белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Имено хаосот се предизвикал откако патници од Македонија биле однесени на погрешна капија со што влегле во недозволена транзитна зона.
Проблеми настанале поради грешка во функционирањето на услугите на операторот на аеродромот.
„Денеска околу 17:00 часот во транзитната зона дошло до мешање на патници кои пристигнале од Скопје со други патници кои имале намера да патуваат до европски и светски дестинации, а кои претходно биле проверени за лични и проверки на багажот. Патниците кои слетале во 16:16 часот на лет од Скопје со автобус по грешка биле однесени на погрешна капија, каде влегле во транзитниот простор и се измешале со патниците кои поминале безбедносни контроли. На барање на операторот на белградскиот аеродром, МУП ја прекина пасошката контрола на излезот од Србија во 17 часот и 22 минути“, изјавила помошник-министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Верица Јечменица за српските медиуми.
Авиокомпанијата „Ер Србија“ соопшти дека до денеска претпладне ќе има отстапувања од планираниот распоред на летање и дека е можно некои летови да доцнат и до два часа поради вонреден преглед на терминалот за поаѓање на аеродромот „Никола Тесла“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.