Tри лица загинаа во пукање во средно училиште во Сански Мост откако вработен во гимназијата пукал во директорот, секретарката и професорка.

Според локални медиуми, човекот влегол со автоматска пушка во училишните простории и отворил оган и притоа ги убил – директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ. Телата на убиените се пренесени во Здравствениот дом Сански Мост, полицијата е на местото на злосторството.

Според локалните медиуми, извршителот на злосторството, инаку домар во училиштето, си пукал во главата и е пренесен во тешка состојба болницата во Сански Мост.

Пред извесно време против него била поднесена дисциплинска мерка и имал несогласувања со училишното раководство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.