Полицијата на кантонот Сараево утринава била известена дека повеќе деловни единици на одредени банки на подрачјето на тој кантон по електронска пошта добиле пријава за наводно поставена бомба.
Во врска со тоа, како што соопшти полицијата, преземени се мерки и дејствија за проверка на добиените информации, евакуација и контрадиверзантска проверка на деловни простории.
Известен бил и дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево.
Освен во Македонија и во Србија, неодамна имаше дојавувања за бомби и во главниот град на Црна Гора, Подгорица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.