Претседателот на Република Српска Милорад Додик не отпатува за Москва на средба со рускиот лидер Владимир Путин во ноември, иако тој самиот најави дека средбата ќе се одржи.
Со оглед на тоа дека веќе е 8 декември, порталот Klix.ba пишува дека е јасно дека планот на Додик, барем во планираниот период, пропаднал.
„На почетокот на ноември одам во Русија како дел од нашите редовни средби со најважните луѓе на таа земја. Ќе разговараме за актуелните прашања во нашите билатерални односи, кои се од развој и пријателски карактер, а се засноваат на меѓусебна почит“, рече Додик во средината на октомври за новинската агенција РИА Новости.
Тој не објасни зошто не заминал во Русија
Во таа прилика тој истакна дека ќе се сретне со раководството на Руската Федерација, а на прашањето дали ќе разговара со Владимир Путин и Сергеј Лавров, Додик одговори дека „на програмата се работи“. Во едно подоцнежно интервју, тој рече дека „има многу да разговара со Путин“.
Додик никогаш не објасни што се случило, ниту зошто најавеното патување во Русија пропаднало. Последен пат тој се сретна со Путин во мај оваа година. Рускиот претседател тогаш му рекол дека и е благодарен на Република Српска за пријателскиот однос кон Русија.
Извор: Независен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.