Милорад Додик, претседател на РС и СНСД, прв му ја честиташе победата на Јаков Милатовиќ на претседателските избори во Црна Гора.
Додик напиша:
„Му честитам на Јаков Милатовиќ за неговиот избор за претседател на Црна Гора. Се надевам дека ќе ја води Црна Гора на патот на напредокот и просперитетот и дека во духот на добрососедските односи успешно ќе соработуваме за доброто на граѓаните и на Црна Гора и на Република Српска“, беше објавено на Твитер.
Според првичните резултати, Милатовиќ го победи Мило Ѓукановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.