Независноста на Српска станува се поверојатна затоа што муслиманите ја урнаа Дејтонската Босна и Херцеговина и ја напуштија уставната рамка, вели претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Тој на социјалната мрежа Х напиша дека следните месеци ќе бидат клучни, а Српска ќе ја зачува независноста и ќе зајакне.

Оние кои се радуваат поради притисоците и уцените, на крајот ќе ги трпат последиците од тоа што се согласиле да бидат поданици и послушни, а не рамноправни претставници на народот – рече Додик.

Тој посочува дека меѓу Бошњаците нема ниту еден сериозен лидер кој е подготвен да се ослободи од послушноста и подметнувањето со странците, бидејќи сметаат дека тоа ќе им наштети на Србите.

Тоа е сржта на сите проблеми во функционирањето на Босна и Херцеговина. Бошњаците мора да разберат дека единствениот начин на кој БиХ може да напредува е преку дијалог со Србите и Хрватите. Се друго е трајна криза за БиХ, од која нема излез. Српска си го знае патот. Подготвени сме да ја зачуваме Дејтонската, уставна, независна Босна и Херцеговина, но не мора – рече Додик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.