Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска го потпиша указот за прогласување на законот, што претходно беше поништен од високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.

Од Кабинетот на Додик потврдија дека тој го потпишал законот, според кој одлуките на високиот претставник нема да се објавуваат во Службен весник на РС, ниту да се спроведуваат.

Но, Шмит го поништи тој закон на 1 јули, а во исто време одлучи дека секој обид за спроведување на тој закон ќе стане кривично дело, за што е предвидена долгогодишна затворска казна.

Со формалното објавување на спорниот закон, Додик сега е потенцијален обвинет за кривично дело дефинирано како „неизвршување на одлуките на високиот претставник“. Доколку би бил осуден, тоа би значело автоматска забрана за вршење на сегашната функција



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.