Дека Коста внимателно се подготвувал за убиството во   основното училиште „Владислав Рибникар“, потврди уште едно откритие на истражните органи.

Два дена пред масовното убиство тој ја исклучил безбедносната камера во станот за зад себе да остави што помалку траги, дознава „Република.рс“.

Знаел како функционира форензиката

Утврдено е дека момчето на 1 мај, односно два дена пред да упадне во училиштето и да отвори оган врз чуварот и учениците, ја исклучил безбедносната камера во станот која покривала дел од собата со плакарот. Во тој плакар беше куферот на татко му. Куферот навистина има шифра, а неговиот татко чувал пиштоли и муниција во него. Момчето ја знаело таа шифра бидејќи станувало збор за патен куфер кој семејството често го користел – открива истрагата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.