Тара Симов се огласи откако нејзиниот партнер Данило на кого му роди дете пред две недели напиша на Инстаграм порака која директно ја испровоцира ријалити ѕвездата.

Дури и без мене и помошта на родителите, Тара и тоа како има пари и за себе и за бебето… дали некој веруваше во нашата иднина?, напиша тој, а по неколку часа се огласи и самата Тара.

Добриот татко не ја злоставува мајката на своето дете. Злоставувањето на мајката од страна на мажот докажува дека тој не се грижи и не мисли за тоа што е добро за детето, го цитираше Тара, Ландиј Банкрофт, специјалистот за семејни односи со 25 годишно искуство во областа на насилството од страна на мажот во семејството.

Инаку извор за српските медиуми тврди дека Данило е виден како често излегува низ Ниш, но сам, уште помалку со Тара и детето. Редовно посетува теретана, додека Тара сама го чува синот и спие само два часа во денот за да се ангажира околу Николај и домашните обврски, додека Данило околу ништо не сака да се потруди, вели добро упатен извор до парот.

Инаку двајцата се уште немаат потврдено дека ја раскинале врската, но според приложените докази на социјалните мрежи тоа е видливо од авион, пренесуваат спрските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.