Доби единица по историја и затоа полуде. Пукаше во наставничката по историја на час, а потоа и во неговите другари. Тој ги има сите петки, сите го знаеме како бубалица.

Вака учениците од ОУ „Владислав Рибникар“, каде што седмоодделенец влета на час и со пиштолот на татко му уби најмалку едно лице, раскажуваат за „Блиц“ за шокот низ кој поминале денеска наутро.

Фото: Блиц

Српските медиуми сè уште немаат официјални податоци за тоа колку лица се убиени. Засега потврдено е само дека на лице место загинал чуварот во училиштето кој бил погоден во главата.

Според дел од медиумите, бројката на убиени е многу повисока и станува збор за најмалку 8 загинати соученици на пукачот.

И родителите и учениците сè уште се во паника и пред училиштето чекаат нови информации. Тие откриваат дека ученикот кој пукал одел во одделението 7-2.

Слушнав пукање, некои ученици веднаш излегоа во ходникот да видат што се случува. Отпрвин мислевме дека нешто се случува надвор. Наеднаш сите почнаа да врескаат, настана општа паника, сите почнаа да трчаат, кога излегов го видов, дојде и впери пиштол во сите нас, низ солзи раскажува за „Блиц“ еден од шокираните студенти.

Ученикот е приведен на распит во полициска станица. Се чекаат повеќе детали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.