Србин до смрт ја претепал својата девојка во нов страшен случај на фемицид во Србија.
Станува збор за 23-годишниот Д.И. кој со тупаници по главата и телото ја тепал неговата 23-годишна девојка, по што повикал Брза помош тврдејќи дека ѝ се слошило.
Според неофицијалните информации на „Блиц“, лекарите ја затекнале несреќната жена веќе мртва и со цело тело покриено со модринки.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Крушевац, наредена е обдукција.
Полицијата во Александровац го уапсила Д.И., а по наредба на вишиот јавен обвинител во Крушевац, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.