До крај на учебната година му е забранет влез во основното училиште „Трива Витасовиќ“ во Лачарка, Србија, на Б.М. (14), ученик од осмо одделение на кој на „Инстаграм“ објави фотографија од апсењето на Коста Кецмановиќ (13) со порака „Тоа брате, ти си крал, уште малку, па и јас ќе го направам”.

Директорот на училиштето најави дека овој ученик од понеделник нема да посетува настава, а најверојатно ќе биде префрлен во друго училиште.

Сите сме сè уште во шок поради крвавиот пир во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, а ова вчера со нашиот ученик уште повеќе нè шокираше. Тој ученик веќе неколку пати бил пријавуван во Центарот за социјална работа во Сремска Митровица за поблаги форми на врсничко насилство и нарушување на наставата. Станува збор за проблематично дете од згрижувачко семејство и лош ученик. Веднаш го известивме Центарот за социјална работа, кој беше навремено информиран за сите негови постапки. Од таму ја известиле полицијата, па во училиштето вчера веднаш интервенираше полициска екипа. Разговорите биле водени со неговата баба, која го презела старателството откако неговите родители го напуштиле. Сосема е извесно дека, поради потенцијалната опасност за другите ученици и наставниот кадар, како и за сите вработени, по овој инцидент, тој ученик нема да дојде на настава во понеделник, а секако не и преостанатите два и пол месеци – до крајот на учебната година, изјавил директорот на училиштето Златко Вулетиќ.

Б.М. вчера бил приведен од полицијата поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста. Осомничениот со кривична пријава е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Сремска Митровица. Б.М. во меѓувреме е пуштен од притвор до поведување на кривичната постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.