Телото коешто вчера беше извлечено од реката Дунав во Белград е на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, на кого му се изгуби трагата вечерта на 30 декември минатата година во Белград, покажала обдукцијата, пренесуваат српските медиуми.

Според првите информации по обдукцијата, причина за смртта е давење.

Се уште се чекаат резултатите од токсиколошката анализа кои ќе бидат готови за дваесетина дена.

Претходно, претставници на загрепската полиција пристигнаа во Белград и со српските колеги разменија оперативни податоци од истрагата.

Матеј Периш се бара од последниот ден на декември минатата година, а познавачите на Дунав рекоа дека можно е телото само што излегло бидејќи температурите се повисоки, а во Белград дувал силен ветер.

Претпоставуваат дека телото се заглавило под Панчевскиот мост и затоа нуркачите не можеле да го најдат бидејќи во тие услови можат да ја пребаруваат реката само со допир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.