Поранешниот командант на Единицата за специјални операции Милорад Улемек Легија, кој беше осуден како главен организатор на атентатот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, се криел во Македонија.
Негов јатак бил Велибор Џаровски Џаро, познатиот фудбалски менаџер, кој неодамна почина и кој далзелено светло да се објави оваа тајна по неговата смрт, пренесува „Ало.рс“
Џаровски 17 дена го криел Легија, кој во Македонија поминал вкупно 21 ден.
Како што пишува порталот „Афера“, Легија ја поминал македонската граница еден ден пред атентатот на премиерот. Веднаш по атентатот, во Куманово го презеле Томо Аврамски, поранешен легионер на француската Легија на честа и Велибор Џаровски, додека во автомобилот бил и Боби Шестаков, долгогодишниот возач на Џаро.
Џаро му рекол на возачот: „, сега земаме дечко“. Го бараат, а никој не смее да знае за него.“ Кога возачот прашал каде одат, Џаро одговорил: „Само возете и не прашувајте ништо“.
-Кога возачот го виде Легија, се смрзнал. Мислеше дека штом ги фатат, ни Вардар нема да може да не испере- раскажува добро упатен извор кој се сеќава на зборовите на Џаровски.
Извор Ало.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.