Сања, девојката на исчезнатиот Матеј Периш (27) вели дека последен пат се слушнала со своето момче само неколку часа пред да исчезне без трага, на 30 декември околу 21.30 часот кога и испратил видео од белградскиот ресторан!
-Ми испрати видео порака, но јас бев на работа и мобилниот ми беше исклучен. Кога дојдов дома околу полноќ, одговорив на таа порака и отидов да спијам. Се разбудив во седум наутро и видов дека не ми пратил порака за добра ноќ, што секогаш праќа. Му испратив порака: „Дали е се во ред?“, немаше одговор. После околу 14 часот пак му пратив порака, пак ништо. Мислам дека не може да спие толку долго, никако. Подоцна се слушнав од неговите пријатели, кои ми кажаа дека исчезнал, дека јакната му била таму, дека не знаеле што се случило, не им е паметот – вели Сања нагласувајќи дека е засегната со приказните дека Матеј користел дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.