Сите 13 ранети во оружениот напад кај Младеновац се во животна опасност, бидејќи кај таквите прострелни рани никогаш не можете да бидете сигурни што е оштетено, изјави денеска српската министерска за здравство Даница Груичиќ, пренесува „Н1“.

Таа истакна дека меѓу повредените, оперирани се 47-годишен маж кој е во стабилна состојба и 17-годишно девојче со две прострелни повреди и големо оштетување на внатрешните органи. Девојчето има заглавен куршум во левото око и ја очекува уште една хируршка интервенција.

Министерката додаде оти на друга 16-годишна девојка, отстранети ѝ се бубрег, дванаестопалачно црево и дел од дебелото црево, нагласувајќи дека операцијата била херојска.

Млад маж, на возраст од околу 20 години, како што вели, има тешка повреда на едната нога и  скршеница на бутната коска и надлактицата.

Девојче родено 2003 година има повреда на десната надколеница и препоните и за неа ќе следат дополнителни ортопедски интервенции за стабилизација.

Маж роден 1972 година дошол со повреда на градниот кош со излив од околу 800 мл крв во градната празнина.

Операцијата е завршена утрово, има проблем со првиот лумбален пршлен и нема знаци на движење на нозете, што може да биде привремено, ќе видиме, додаде таа.

Маж роден 1969 година имал повреда на долниот дел од карлицата – прострелна рана, опериран е и на интензивна нега.

Маж роден 1997 година имал тешка повреда на бубрегот, поради што и му е отстранет, како и повреди на крвните садови, кои биле санирани и оперирани утрово.

20-годишник имал деструкција на коската на десната горна нога без знаци на оштетување на нервите.

Роден во 2002 година, има стомачна повреда и скршеница на десната надлактица, а повредено е му е и дебелото црево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.