Во судницата на Специјалниот суд во Белград почна судењето на криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ,
Вељко Беливук при излегувањето од говорницата испрати бакнеж на семејствата на жртите кои се во судницата.
Тој се проѕевал додека обвинителот го презентираше делот поврзан со убиството на Здравко Радојевиќ. Се чешал, се нишал на дрвената клупа и во еден момент се фатил за глава.
Веља поголемиот дел од времето бил потпрен на клупата како да спие и често се проѕевал
Во делот на судницата, кој е наменет за присутните и е одделен со непробојно стакло од делот на судницата каде што седат обвинетите немало членови на семејството или пријатели на обвинетиот.
Штом почнало читањето на обвинението, се јавил Миљковиќ. Сите присутни мислеле дека сака да каже нешто на говорницата, но тој всушност барал да оди во тоалет. Затворските чувари го извадиле од кутијата за обвинетиот да оди во тоалет, ja пренесува атмосферата „Курир.рс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.