Тринаесетгодишникот кој на 3 мај уби осум врсници и училишен чувар, додека деветтото дете почина подоцна во болница, секојдневно бара да биде пуштен од болница.

Според извори на српски „Блиц“, тој секојдневно им го поставува на лекарите прашањето „дали излегувам денеска“, коментирајќи дека „нема повеќе причина да е тука“, бидејќи „сите прегледи се завршени“. Од друга страна, лекарите сметаат дека момчето-убиец се уште е опасност за околината и дека постои можност да го повтори истото или слично кривично дело, доколку има можност.

Младиот Кецмановиќ моментално е во специјална институција, во изолација. Лекарите вршат вештачења и дополнителна дијагностика.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по масакрите во училиштето и во околината на Младеновац рече дека ни еден од убијците веќе нема да види бел ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.