Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја прогласи среда (3 јули) за ден на национална жалост поради смртта на писателот Исмаил Кадаре.
Кабинетот на Османи соопшти дека среда е прогласена за ден на жалост, на денот кога ќе се изврши неговиот погреб.
На Државниот протокол му е наложено да ги преземе потребните активности.
„Претседателката Османи, во јуни минатата година, го одликува писателот Кадаре со Орденот „Хасан Приштина“, меѓу највисоките признанија што Република Косово ги доделува на најистакнатите личности на нацијата. Претседателката во август го објави указот со кој светски познатиот албански писател Исмаил Кадаре доби државјанство на Република Косово“, се наведува во соопштението од кабинетот на Османи.
Денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост и во Албанија.иа/ сд/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.