Дел од куќа се урна врз спасувачите додека се обидуваа да извлечат луѓе под урнатините во Турција. На видеото се гледа дека затрупан останал само еден член од спасувачката екипа, кој за кратко време бил спасен од неговите колеги.

Како што известуват турските медиуми, спасувачот Батухан Туген е во добра здравствена состојба и продолжил со работа.

Спасувачките тимови во Турција и Сирија сè уште трагаат под урнатините по преживеани од катастрофалниот земјотрес во понеделникот. Бројот на загинати се смета дека надмина 25 000 , од кои 21 848 луѓе починале во Турција и пријавени 3 553 во Сирија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.