Дедото на убиеното момче (13) од Нишка Бања признава дека неговиот внук се дружел со момчето кое го нападнало, пренесува „Курир.рс“.

– Мојот внук е прекрасно дете, учествуваше на некои литературни натпревари, го вклучи и тоа другото момче во кошаркарскиот клуб. Ама тоа дете е мрачен тип, некако необјасниво се однесуваше тоа дете. Одеше сам по улица и си зборуваше. Направивме се за да го одвоиме од него. Тогаш се појавија тие сатанистички знаци што ги видов. Отидов на училиште и ги забележав тие знаци на училиштето и соседната куќа. Никој не реагираше – изјави дедото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.