Шефот на Управата за криминалистичка полиција Нинослав Чмолиќ изнесе шокантно откритие за убиството на малата Данка.

Според него, убијците откако ја удриле Данка со автомобилот, мислеле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но детето било жива и се разбудила во еден момент!

– Според нивните изјави застанале да одат во тоалет  во близина на куќата. Кога продолжиле, ја удриле Данка, а потоа ја ставиле во багажникот. Чудно движење на нивното возило било снимено на ГПС. Нивните приказни не се поклопуваат за давењето на детето, бидејќи детето се разбудило додека возеле, а сопатникот ја задавил Данка.Не можат да се договорат кој го давел, а подоцна ја фрлиле во депонија – изјави началникот.

Уште се собираат докази.

Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се согласуваат за деталите за ударите, но не се согласуваат за вистинското убиство на детето. Данка била во несвест кога ја удриле со автомобил, а мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила, а еден од нив ја удавил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.