Полицијата го нападнала островот меѓу Србија и Хрватска, каде се наоѓа фиктивната држава Либерланд.
Работниците на приватна компанија одзеле движен имот во име на Хрватски шуми, а полицијата им се заканувала на присутните дека ќе бидат уапсени доколку интервенираат, пишува на официјалната веб-страница на самопрогласената држава Либерланд.
Се наведува и дека се уапсени неколку „жители“ под обвинение за „непочитување на законска наредба“.
Нападот е извршен без предупредување и без никаква причина или оправдување од страна на шумското стопанство или полицијата. На присутните не им беше дозволено доволно време да ги соберат своите лични работи или опрема. За среќа, никој не е повреден, но нашиот имот е оштетен и одземен. Тоа се случи и на Меѓународниот ден на мирот – тврдат од Либерланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.