Меѓу бугарските Евреи преовладува чувството дека во Бугарија, па дури и во поголем степен во Европа се засилуваат антисемитските појави и јазикот на омраза. Но, истовремено тие се чувствуваат сигурни, се сметаат за добро интегрирани во бугарското општество и гледаат позитивиен однос од страна на етничките Бугари.
На вакви заклучоци упатува истражувањето на агенцијата „Алфа рисрч“ посветено на јавните ставови нспрема антисемитизмот и говорот на омраза во Бугарија, пишува Сега.бг.
Дури 74% од анкетираните бугарски Евреи сметаат дека во Бугарија се забележува пораст на антисемитските појави. Но, далеку повече (91%) сметаат дека слична тенденција е позабележлива во Европа, отколку во Бугарија. Меѓутоа, чувството на останатите бугарски граѓани околу ова прашање едвај би можело да биде поразлично-само 11% веруваат дека антисемитизмот се претвора во посериозен проблем.
Иако не толку категорично, Евреите и Бугарите се разијдуваат и во однос на оценката за говорот на омраза. Како проблем во Бугарија го препознаваат 70% од бугарските Евреи и само 37 отсто од пошироката јавност. Овој резултат се одразува и во видливоста на проблемот, па дури 95% од Евреите забележуваат говор на омраза спрема својата заедница на интернет и на социјалните мрежи.
Позагрижувачко е друго мнозинство, според кое 64% од Евреите распознаваат говор на омраза во настапите на јавните личности. А, тоа чувство, пак, се споделува само од 17% од пошироката јавност. Меѓу Евреите постои чувство дека ваквата појава излегува надвор од неформалните граници и добива свој легитимитет преку настапите и изјавите на јавни личности и политичари, вклучувајќи ги и мејнстрим медиумите, коментираат социолозите.
Сепак, огромното мнозинство бугарски Евреи се сметаат за добро интегрирани во државата (91%) и се чувствуваат безбедно (88%). Едвај 11 отсто избегнувале еврејски настани заради опасност за својата безбедност.
Загрижува податокот дека 37% од анкетираните Бугари признаваат дека речиси или воопшто не се информирани за холокаустот, 49 отсто истото го велат за терминот антисемитизам. Според социолозите, притоа доаѓа до израз возрста на испитаниците-колку се помлади, толку се помалку информирани, што го зголемува ризикот младите да потпаднат под влијание на антисемитската пропаганда.
Пред два дена, на 7 март, пак, Поглед инфо.бг објави реакција на советниците од Бугарската социјалистичка партија од Пловдив со наслов „Неофашистички појави и сквернавење на споменици во Пловдив“. Повод за текстот беше сквернавењето на еден од симболите на градот, споменикот „Аљоша“.
Секоја историска епоха има свои победници и губитници! Секоја историска епоха за идните поколенија остава споменици, кои ги означуваат победниците и ја фиксираат историската вистина! За жал, денес во нашето општество се почесто забележуваме неофашистички појави, целејќи со менување на историјата да ја сменат и нашата колективна меморија!
Само за неколку дена, на 11 април, ќе го одбележиме Меѓународниот ден на бившите политички затвореници и логораши во концентрационите логори. Тоа е ден утврден со одлука на ООН.
Момументот, што ја симболизира таа дата во Пловдив, подигнат на местото на некогашниот фашистички затвор, денес паркот „Срнена гора“, во реонот „Северен“, пред една недела беше одново осквернавен. Осквернавен исто како што секојдневно се случува и со останатите споменици, што ја одбележуваат бугарската историја во периодот 1945-1989 година.
Бришењето и замената на историските факти и обидите за уништување на споменици од минатото, колку и да звучат денес политички коректно во некои глави, не е демократија! Тоа е фашизам! И ние треба со сите сили да им се спротивставиме на тие процеси, напишаа социјалистите од Пловдив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.