Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) одлучи дека секој политички субјект, кој ќе биде сертификуван за учество на парламентарните избори на 9 февруари 2025 година, за изборната кампања има право да потроши до два милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според одлуката на ЦИК, дозволената точна сума за максимални трошоци е два милиони 47 илјади 149 евра и таа е соодветна на бројот на гласачи запишани во прелиминарните избирачки списоци. Пресметката е направена врз основа на изборната регулатива за изборната кампања.
ЦИК донесе одлука и за формирање на комисија која ќе ги испитува жалбите на гласачите надвор од Косово.
Редовните парламентарни избори во Косово треба да се одржат на 9 февруари, а официјалната изборна кампања започнува на 11 јануари наредната година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.