Србија е благодарна што набљудувачите на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДХИР) ќе ги следат претстојните парламентарни избори на 17 декември во Србија, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска во Скопје.
Дачиќ на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ имаше средба со директорот на ОДИХР, Матео Меккачи.
Србија ќе продолжи да работи на унапредување на изборниот процес во согласност со препораките на ОДИХР и очекува да продолжи соработката и на други теми.
Дачиќ и Меккачи, како што се наведува во соопштението на српското Министерство за надворешни работи, оцениле дека „досегашната соработка меѓу Србија и ОДИХР била пријателска и партнерска, со заемна доверба, со цел да се подобри изборниот процес, да се зајакнат демократските институции и да се спроведат реформи во приоритетните области“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.