Позицијата на Србија е стабилна и сите земји со чии претставници разговарав во овие два дена ја разбираат ситуацијата во која се најде Србија поради нарушување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ во Њујорк, нагласувајќи дека нема шанси за прием на Приштина во ОН.
Мислам дека од овие неколку разговори што ги имав овие два дена, мислам дека нашата позиција е стабилна, дека сите тие земји ја разбираат ситуацијата во која се најде Србија со нарушување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет и дека засега, без разлика на тоа што има поединечни инциденти во смисла дека претставниците на Приштина го злоупотребуваат тоа што можат да влезат овде како гости, односно претставници на набљудувачката мисија од Косово, тие не се дел од официјалното Генерално собрание, нема индиции или најави дека ќе има промена на тој став кога е во прашање потребното мнозинство за членство во ОН – изјави Дачиќ во Њујорк, каде што учествува на Генералното собрание на ОН.
Тој рече дека Србија многу внимателно нотира кога некој зборува на таа тема, но, како што додаде, оние кои зборуваат на таа тема за потребата од зачувување на територијалниот интегритет очигледно имаат двојни стандарди кога размислуваат за кои земји се однесува.
Сметаме дека тоа мора да се однесува на Србија. Се разбира, нашата надворешнополитичка позиција многу зависи од нашите разговори и контакти. Претседателот Александар Вучиќ ќе има цела серија средби со своите колеги, ќе имам и јас цела серија средби со моите колеги, со министрите за надворешни работи. Најголемо внимание посветив на земјите со кои сакам да проверам каков е нивниот став за Косово и Метохија, дали има промени кога станува збор за Косово – нагласи Дачиќ.
Дачиќ за Косово онлајн во Њујорк оцени дека нотата што косовската амбасада во Брисел ја испрати до сите постојани претставници на земјите-членки на ЕУ, во која се жали на Мирослав Лајчак, е целосно промашена.
Тој кажа дека не верува оти нотата ќе има некаков успех бидејќи Србија не ги назначила Лајчак или Жозеп Борел на нивните позиции, туку ЕУ, со согласност на сите земји-членки.
Значи тоа писмо е целосно промашување, особено ако се земе предвид дека сите добро знаат дека проблемот во односите меѓу Белград и Приштина е што Курти одбива да спроведе нешто што и ЕУ и Белград и Приштина се обврзаа пред 10 години. Тој го напаѓа и Лајчак, кој се залага прво да се формира ЗСО, па потоа да се разговара за се. А тоа требало да се направи пред 10 години – потсети Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.