Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија и Хрватска мора да се договорат за прашањата на сегашноста и иднината и дека треба да ги решат работите поврзани со минатото на најдобар можен начин.

Дачиќ, кој го посети Загреб во пресрет на Божиќ со цел да ги затоплува односите меѓу двете земји, изјави за белградски медиуми дека официјален Белград „прв и подаде рака“ на Хрватска и дека, како што додаде, ќе се види како односите ќе се развиваат понатаму.

Тој оцени дека тука е прашањето „кој што сака“ и посочи дека е потребно да се бара заеднички интерес.

„Покрај сите наши меѓусебни разлики, треба да се договориме за прашања кои се однесуваат на сегашноста и иднината и да ги решаваме работите за минатото на најдобар можен начин“, рече Дачиќ, но додаде дека „за жал, не е оптимист”, пренесе Бета



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.