Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека во меѓународната заедница има „многу негативни коментари“ за ситуацијата во Косово „во врска со незадоволството од политиката на Курти“ и неговото непочитување на договорите постигнати во Брисел.
Дачиќ за телевизија Пинк изјави дека „целта на сето ова е да се создаде атмосфера на несигурност и страв и да се создадат услови за иселување на Србите“ од Косово.
Предупредивме дека дојдовме на терен каде што има многу нагазни мини и дека не знаеме каде завршува тоа минско поле – наведе Дачиќ.
Тој додаде дека „во суштина имаме процес кој оди спротивно од очекувањата на сите кои го водат дијалогот“.
Според него, централно прашање за Србија е формирање на Заедницата на српските општини, што никако да дојде на дневен ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.