Јахтата на рускиот милијардер Вагит Алекперов „Галактика Супер Нова“ исчезнала од радарот, покажуваат податоците на веб-страницата „Marine Traffic“. Бродот на сопственикот на рускиот „Лукоил“ минатата недела бил во „Порто Монтенегро“, а според официјалните податоци испловил од црногорската марина.
Набргу откако јахтата ја напуштила црногорската марина, автоматскиот систем за следење „Galaktica Super Nova“, познат и како AIS, престана да испраќа сигнали, јавува MarineTraffic и слични сајтови Vessel Finder и Vessels Value, јавува Радио телевизија на Црна Гора.
Медиумите пишуваат дека луксузната јахта на Алекпер „мистериозно исчезнала“ во моментот кога биле запленети садовите на другите руски олигарси.
Јахтата има базен со стаклено дно од шест метри и водопад, хелиодром, лифт и голем клуб. Долга е околу 70 метри и може да прими 28 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.