Црна Гора има залихи на храна и гориво за следните два-три месеци, изјави денеска државниот секретар во Министерството за економски развој на Црна Гора, Милена Липовина Божовиќ.

Ќе ја следиме ситуацијата на терен, доколку има потреба ќе реагираме, сето тоа согласно законските прописи, изјави таа на прес-конференција.

Божовиќ додаде дека земјата е осудена да ги трпи последиците од она што се случува на глобално ниво.

Сега тоа дополнително се изразува поради украинската криза и за очекување е притисокот врз цените да биде поголем, истакна Липовина Божовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.