Невообичаена метеоролошки феномен ги вознемири, но и ги заинтригира туристите на плажа на Лефкада.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како целата плажа и нејзината околина е покриена од густ, темен облак, за кој никој немаше објаснување.

Како што коментираат туристите, кои биле сведоци на оваа појава, не станувало збор за чад од пожар, ниту, пак, за магла, затоа што целиот ден дувало ветер и имало бранови. Според нив, најверојатно станува збор за некое испарување на сол од морската вода кое добро влијаело на дишењето.

Тие додаваат дека феноменот траел околу половина час.

Видеото може да го погледнете на скедниот ЛИНК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.