Во хрватскиот туристички центар, Макарска, цела ноќ траела заложничка криза откако маж се заклучил во стан и се заканил дека ќе им наштети на членовите на семејството и себеси.
Полицијата веднаш излегла на терен, а преговорите со мажот траеле до утринските часови. Човекот седел на балконот на деветтиот кат и се заканувал дека ќе скокне.
Двете ќерки, кои исто така извесно време биле во станот, се однесени на сигурно, а сопругата останала во станот до шест часот, објави „Слободна Далмација“.
Ноќта околу 02:30 часот во Макарска маж се заклучил во стан со семејството. Тој се заканувал дека ќе повреди едно лице и се заканувал со самоубиство. На местото на настанот веднаш се испратени полициски службеници, а по нив и преговарач од Специјалната и интервентната полиција“, соопштуваат од полицијата.
Во шест часот наутро човекот ја пуштил сопругата, но тој одбил да излезе и продолжил да се заканува дека ќе се самоубие. Неколку часа подоцна, тој е уапсен, потврди полицијата.
Околу 9:23 часот човекот е уапсен. На членот на семејството му била укажана лекарска помош при што е констатирана полесна физичка повреда во вид на полесна рана по телото“, се наведува во соопштението на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.