Авион на „Џет 2“ од Бугарија за Велика Британија ненадејно бил пренасочен кон Келн кога еден патник починал за време на летот.

Летот LS3214 полета од Бургас, Бугарија, за Ливерпул во понеделникот околу 13 часот по локално време пред екипажот да прогласи вонредна состојба два часа подоцна.

Авионот бил пренасочен кон Келн, а по слетувањето на оддалечената писта на аеродромот околу 15.32 часот, кон авионот веднаш се упатила брзата помош.

Мажот наводно добил срцев удар и бил прогласен за мртов и покрај огромните напори на патниците и екипажот да го реанимираат, пишува „Мирор“.

По неколку часа поминати на аеродромот, авионот, конечно, повторно полета за Ливерпул во 21.17 часот и слета во Велика Британија во 22.27 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.