Четврти ден во Грција се трага по Македонецот кој исчезна во саботата кога силните морски струи го извлекоа на море заедно со двајца негови пријатели на плажата Мити, во Посиди на Халкидики.
Акцијата започна рано утрово со три пловни објекти и четири возила на крајбрежната страна, а според информациите од Грција, во текот на денот се очекува и пребарување со авион.
За разлика од вчера, условите за пребарување денеска се многу поповолни, што дополнително би ја олеснило потрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.