Четири хрватски двојки осомничени за трговија со деца во Замбија се пуштени денеска да се бранат од слобода до судењето, откако надлежниот суд констатирал дека со регулирањето на нивниот привремен престој во земјата се исполнети условите за ослободување од притвор, потврдија за ХИНА хрватски дипломатски извори.
Посочиле дека условите наложени од надлежниот суд се исполнети, привремениот престој во Република Замбија е регулиран (одобрен) и дека тие излегле.
Четирите двојки од Хрватска беа уапсени на почетокот на декември на аеродромот во Ндола, третиот по големина град во Замбија, под сомнение за трговија со луѓе, односно под сомнение за валидност на документите за посвојување малолетни деца од ДР Конго.
Обвинети се за обид за трговија со луѓе и фалсификување документи. Тие ја негираат вината.
Судот во Ндола, третиот по големина град во африканската земја со околу 19,5 милиони жители, им дозволи пред две недели на хрватските граѓани да се бранат од слобода откако платија кауција, 20.000 замбиски квачи по лице (околу 1100 долари) и патни исправи, да го регулираат нивниот престој во Замбија и да најдат 16 луѓе кои ќе гарантираат за нив.
Следното рочиште во судскиот процес е закажано за 6 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.