Сведочењето на групата на Веља невоља вознемири и Чедомир Јовановиќ, кој верува дека тој е следната цел, бидејќи, како што тврди, истите тие луѓе се собирале пред неговата зграда.

– Криминалот и подземјето ме следат цел живот, а никогаш не сум имал никаква врска со тоа. Првиот пат кога се сретнав со луѓе од тој профил беше ноќта спроти 5 октомври, тоа беше со Легијата и Беретите. После тоа се појавија на места каде што немаше што да бараат со нормално општество. Нашите патишта се вкрстија, но не во куќите во Ритопек, туку на места каде што се решава судбината на ова општество. Тоа беше бунтот на ЈСО, убиството на генералот Бошко Буха, обидите да се убие мене и Зоран, а потоа 12 март и се што ме следеше до сега – рече Јовановиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.