Српскиот контроверзен политичар Чеда Јовановиќ го откри планот на ЕУ за регионот. Тој тврди дека Србија треба да остане без Косово, па затоа малку им ја подвалуваат Македонија, малку Црна Гора, северот на Косово и Република Српска.
Ќе го решиме проблемот на Македонија така што нема да постои и тоа се случува веќе три години. Го нема веќе Заев кој има политички авторитет во Македонија и тој беше излажан од Европска унија.Му рекоа договори се со Ципрас и тој тоа го стори а тоа е многу тешка тема во земјата. Ние им ја оспоруваме верата, Грците името и идентитетот а Бугарите се. Заев го направи договорот во Преспа и наместо да отворат преговори тие ги одложија за шест месеци со француско-германската иницијатива.Во меѓувреме се појавија Бугарите кои бараат и бугарскиот јазик да биде изедначен со македонскиот и албанскиот и Македонија да биде држава на бугарскиот народ што Македонците не можат да им го дадат.
Чедо е контроверзен политичар и создаден од таа #ЕУ но, го почитувам затоа што ова НЕМА да го слушнете ниту од еден српски политичар, историчар, интелектуалец. РЕТКО кој србин ја зборува ВИСТИНАТА за Македонија. Чедо да, така им БИЛ планот но, БОГ има ДРУГ план за МАКЕДОНИЈА ❤️💛 pic.twitter.com/6O9R60GGQ2
— Мaрга (@MKDProLet) May 14, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.